Палентата, направена од пченкарно брашно или гриз, е еден од најздравите избори за појадок. Не содржи глутен, па е погодна и за лица со нетолеранција на глутен, а благодарение на својата хранливост и ниска калориска вредност, се препорачува за сите возрасти.
Оваа традиционална храна е лесна за варење, го поттикнува метаболизмот и го чисти дигестивниот тракт. Богата е со корисни минерали како фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган, а природните масти (каротеноиди) што ги содржи ја подобруваат функцијата на цревата.
Зошто палентата е идеална за слабеење:
- Има малку калории
- Дава чувство на ситост
- Не создава тежина во стомакот
- Се вари лесно
- Се приготвува брзо – за само 5 минути
Препорака:
Консумирајте палента барем еднаш неделно како поздрава замена за пекарски производи.
Пример за едноставна подготовка:
- Во 2 дл зовриена вода додадете ½ лажичка сол и 1 лажичка масло или маст
- Додајте 2½ лажици палента и мешајте 2-3 минути на тивок оган
- По желба додадете сирење, кајмак, ленено семе, семки, ајвар или сервирајте ја со топло млеко
Палентата не само што е практична, туку и вистински сојузник за здрав почеток на денот.
Фото: Shutterstock