Ако сакате да ослабите, нутриционистите советуваат да вклучите одредени намирници кои го подобруваат варењето, го забрзуваат метаболизмот и ја намалуваат гладта. Еве ги 12-те најкорисни:
- Вода и сол
Водата е клучна за правилно функционирање на организмот. Пијте околу 30 ml вода по килограм телесна тежина дневно. Солта не треба да се исклучи целосно, но ограничете ја на околу 1/4 лажичка дневно. - Хељда
Богата со растителни влакна и бавни јаглехидрати, хељдата го подобрува варењето и го стимулира согорувањето на мастите. - Грав
Гравот содржи антиоксиданти, протеини и растителни влакна. Ја стабилизира гликозата и ја поттикнува ситоста. - Леблебија
Одличен извор на растителни протеини. Може да ја замените и со јајца, пилешко месо или морски плодови. - Кисела зелка
Содржи добри бактерии за цревната флора и го поттикнува слабеењето. - Маслиново, ленено или кокосово масло
Овие масла содржат здрави масти што ги поддржуваат хормоните и варењето. - Артичока
Богата со растителни влакна, калциум и фолна киселина, одлична е за варење. - Киви
Го подобрува метаболизмот, помага во разградување масти и го олеснува варењето. - Семки од лен
Содржат многу влакна. Додајте ги во јогурт или овесна каша за здрав појадок. - Бадеми
Идеални за ужина. Помагаат да се избегне прејадување, особено навечер. - Цимет, каранфилче, куркума, ѓумбир
Овие зачини се силни антиоксиданти што го прочистуваат телото и го забрзуваат метаболизмот. - Свежи зачини и зеленило
Содржат витамини и хлорофил, го алкализираат телото и го поддржуваат варењето.
Со редовно консумирање на овие намирници, процесот на слабеење може да биде поефикасен и поздрав.
Фото: Shutterstock