Ново истражување покажува дека јадењето доцна навечер му отежнува на телото да ја регулира гликозата, односно шеќерот во крвта. Ова важи и ако не легнете веднаш по оброкот, туку останете будни уште неколку часа.
Научниците следеле група млади и здрави луѓе во лабораторија за спиење. Им дале иста храна, но во различно време – некои вечерале порано, а некои доцна. Се мереле нивоата на шеќер и инсулин во крвта на секој учесник.
Резултатите покажале дека и двете групи кои вечерале доцна имале повисоки нивоа на шеќер во крвта – за околу 11 проценти повеќе од оние кои вечерале порано. Одложувањето на спиењето не помогнало телото подобро да се справи со оброкот.
Стручњаците објаснуваат дека телото подобро ја обработува храната во текот на денот, а навечер процесите се забавуваат поради природниот биолошки ритам. Тоа значи дека касното јадење може да води до зголемен ризик од инсулинска резистенција, дебелина, дијабетес и срцеви заболувања.
Советот од лекарите е да се избегнува вечера доцна навечер и оброците да завршуваат најмалку два до три часа пред спиење.