Првиот пакет компресивна облека за повредените од пожарот во кочанската дискотека Пулс, пристигна во Кочани.
Според планираното, нарачателот, здружението Support Kocani, кое облеката ја плати преку донации, денеска ја доби пратката и веднаш ја испорача до кочанската Општа болница со проширена дејност, која понатаму треба да ги повика повредените и да им ја подели.
- Неизмерна благодарност до Juzo.de и Health 2000, како и македонската заедница во Асти и нивната донација, напишаа кратко од Support Kocani.
Во меѓувреме ќе се земат мерки за втора тура нарачка на компресивна облека, која е неопходна во третманот на изгорениците.


