Најблиските на штипјанецот Владимир Бурев (36) на социјалните мрежи објавија дека е вратен дома, жив и здрав. По Бурев се трагаше, откако вчера околу 4 часот излегол од дома и не се вратил.
Неговата мајка, Благица Бурева во објава на Фејсбук се заблагодари на, како што напиша на „СВР Штип и добрите луѓе“.
Засега не се соопштуваат детали како е пронајден Бурев и каде бил изминатите часови.