Во време кога чистотата се изедначува со добар изглед и мирис, прашањето дали треба да се тушираме секој ден добива се повеќе различни одговори. На едната страна се застапниците на секојдневното туширање, додека на другата – се оние што веруваат дека честото миење е штетно и непотребно.
Професорот Стефан Шумак, претседател на Австралискиот универзитет за дерматологија, го споделува својот стручeн став:
„Секојдневното туширање е навика што произлегува од друштвени норми, а не од биолошки потреби. Освен пазувите и препоните, телото всушност не произведува телесен мирис насекаде.“
Шумак објаснува дека претерувањето со туширање, особено со врела вода и агресивни козметички препарати, може да ја оштети кожата. Тоа доведува до губење на природните масла што ја штитат кожата, што пак резултира со сушење, чешање, па дури и екцем.
Иако неговиот став предизвика бурни реакции во научната јавност, дел од колегите се согласуваат со него во однос на опасноста од прекумерната употреба на хемикалии во козметиката, но не и дека треба да се тушираме поретко.
Оваа дебата не е нова. Истражувањата се контрадикторни:
- Студија од минатата година покажа дека само 21% од жените се тушираат секој ден, додека повеќето го прават тоа на секои неколку дена.
- Ново истражување на Универзитетот во Манчестер, пак, тврди дека 75% од испитаниците се тушираат најмалку еднаш дневно.
Професорот Шумак препорачува вода со температура од 30 до 35 степени Целзиусови, а идеално – малку поладна, зашто тоа ја поттикнува циркулацијата и го зајакнува имунитетот.
Фото: Shutterstock