Ова беше објавено на министерски состанок за соработка меѓу Кина и Африка во кинескиот град Чангша, во време кога африканскиот континент се соочува со можно зголемување на царините за своите производи што се извезуваат во Соединетите Американски Држави, објави Би-Би-Си.
Нултата царина, доколку се спроведе, би била продолжение на договорот постигнат минатата година, според кој Кина ги отстрани царините за стоки од 33 африкански земји класифицирани како најмалку развиени.
Кина е најголем трговски партнер на африканските земји во последните 15 години, а во 2023 година, Африка извезе стока во таа азиска земја во вредност од близу 170 милијарди евра.
Во заедничка изјава на Кина и африканските земји, беа критикувани напорите на одредени земји да „го нарушат постојниот меѓународен економски и трговски поредок со еднострано воведување царини“.
Министрите од Кина и Африка ги повикаа САД да ги решат трговските спорови врз основа на принципите на „еднаквост, почитување и взаемна корист“.