Замениците-министри за надворешни работи на Грција и Турција денеска и утре ќе одржат состаноци во Анкара во рамките на политичкиот дијалог и т.н. позитивната агенда меѓу двете земји што се однесува на соработка во низа области, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од грчкото МНР во рамките на четвртиот состанок од процесот на политички дијалог меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, денеска во Анкара ќе се одржат разговори меѓу заменик-министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу и заменик-шефот на грчката дипломатија Мехмет Кемал Бозај.
За утре е закажана и осмата рунда грчко-турски разговори во позитивната агенда, меѓу заменикот МНР на Грција Тасос Хаѕивасилиу и Бозај од турска страна.
Во следниот период се очекува да се одржи и Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција иако засега не постои конкретен датум.