Мјузикл, кабаре, театар, музика- се во едно беше споено вчера во МНТ и ја направија манифестацијата „Глумците пеат“ сосема поинаква од она што низ годините публиката е навикната да го гледа. Со сцени од познати филмови, како „Sister Act“, со нашите Славици-лавици, преку познати светски хитови од 80-тите и 90-тите, публиката уживаше во уметност.

Наши актери од неколку театри во државава направија светски перформанс на кој невозможно беше да не се ужива. „I’m so excited“, „Freedom“, „Man, I feel like a woman“, „Walking on sunshine“, „I’m still standing“, „Strong enough“..беа само дел од светските хитови на кои не потсетија веќе етаблирни актерски имиња, но и млади талентирани, кои вметнуваа и по некој рефрен од наши песни, како „Лажи, лажи Вере“, „Во наше село чешма шарена“..

Два час со ист интензитет се држи вниманието и се очекува секој нареден настап, како Бејби со нејзините драг кралици и доволно силна за животните битки, Славиците умешни во се, Рубенс, Калина… За сите еден гооолем аплауз! Вреди да се гледа…
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски














