Иницијативата Support Kocani, која е активирана веднаш по страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска објави извештај за тоа што до сега е донирано, од пари до опрема за настраданите, повредените, но и болницата во овој град.
Во својот транспарентен извештај тие наведуваат дека досега се соберени вкупно 600.000 евра, кои веќе се префрлени на семејствата на починатите и повредените.
Според нив донирана е хипербарична комора, клучна за лекување на тешки повреди, и инсталирани се 10 клима уреди во болницата, создадена е целосно опремена просторија за физикална терапија, обезбедени се над 400 специјални лепенки за третман на изгореници, доставени се над 500 медицински артикли, вклучувајќи лекови, креми и помагала, повредените добија 113 ваучери за онлајн шопинг со вкупна вредност од 20.000 евра.
Извештај за досегашната реализација на донациите преку #SupportKocani
Во 📄извештајот се содржани сите ✅️реализирани активности, тековни проекти и 🫴поддршката што ја добивме од стотици хумани поединци, компании и организации.
Ова е наш начин на транспарентност и почит кон… pic.twitter.com/lHcsVEIGci
— Support Kocani (@SupportKocani) June 5, 2025
Но, не е само ова, од иницијативата, која сосема го оправда своето постоење , информираат дека се очекува исплата на над 1. 500 000 денари од хуманитрната аукција во Домот на културата во Кочани, како и 600.000 денари од концертот на Тамара Тодевска.
Но, освен институциите, помош од дирекни донации од 2.000 000 денари е собрана и со од граѓани, компании други организации, како и помош за болницата од 2. 671 116 денари за подобри услови за лекување на повредените.
Од Support Kocani се презадоволни од она што досега го постигнале. Задоволни сме и сите ние, бидејќи оваа иницијатива е доказ за сплотеност, осовено во вакви ситуации, кои претставуваат колективна траума.
-Ние сме многу блгодарни на сите што помогнаа. Ги охрабруваме за понатамошно донирање. Има најави за уште помош, но ќе бидат објвени кога ќе пристигнат. Ние сме транспарентни и граѓаните треба да знаат што се случува. Во постојана комуникација сме со децата, кко што ние ги нарекуваме. Секојдневно се заблагодаруваат. Навистина веруваат во тоа што го правиме и тоа наам многу ни значи. Ние ќе постоиме додека има потреба. Нашата цел е насочена со лекување, но со развување и на Младинскиот центар, сакаме градот и пошироко и околината да ја направиме подобро место за живеење. Ова сепак, е колективна траума што ни се случи на сите нас, вели Кристина Петрова од Support Kocani.