МВРинформира дека во сообраќајка починало момче од 20 години.
-На 03.06.2025 околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од селото Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од селото Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв” без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информират од МВР.