Синот (13) на австралиската актерка Клер Мекан си го одзел животот по брутално врсничко насилство, а неговата мајка сега очајно се обидува да собере пари за криопрезервација – верувајќи дека би можел да се врати во живот во иднина.
Клер Мекан, австралиска актерка, го загуби својот единствен син, Атреус, кој на 13-годишна возраст си го одзеде животот поради месеци малтретирање во училиште.
Во длабока тага и очај, мајката сега се обидува да собере 300.000 долари за криопрезервација – замрзнувајќи го телото со надеж дека еден ден науката ќе му овозможи на нејзиниот син да се разбуди и да живее во подобар свет.
-Седам до него во мртовечницата и го бакнувам. Од четврток би морала да го ставам во вештачка вреќа за спиење, да го опкружувам со мраз, бидејќи тоа е единствената шанса. Ако не ги соберам парите, како да го оставам? – изјавила скршената мајка за австралискиот портал news.com.au.
Атреус бил жртва на секојдневно малтретирање – во училишниот камп главата му била ставана под вода, рацете му биле цртани и понижувани. Не одел на училиште изминатиот месец, а неговата мајка сега вели дека никогаш не требало да го испрати таму.
-Се обвинувам себеси. „Не можам да размислувам за спас на други деца додека не успеам да го спасам своето“, рече Клер.
Досега собрала околу 12.000 долари, но сепак ѝ требаат многу за да го одржи телото на својот син на температури под нулата до иднината што може да донесе нова надеж.
На социјалните мрежи, покрај поддршката, таа се соочува и со осуда. Луѓето ја нарекуваат „разгалена актерка“, тврдејќи дека има милиони, иако Клер вели дека никогаш не заработила половина милион долари и дека последните десет години ги поминала волонтирајќи и школувајќи го својот син дома.
-Ако тој оди во криопрезервација, и јас ќе одам. Нема да го оставам да се разбуди сам. А ако не сум таму, имам пријатели кои ветија дека ќе му помогнат. Само сакам да знае дека е сакан и дека не е сам, рече таа, пренесува информер.рс.