Ракометната судиската двојка Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев денес испратија соопштение до медиумите и најавија повлекување од актуелното судење.
Според нив, како што е наведено во соопштението, причината за предвремено завршувањена кариерите постојаното понужување на судиите и неправдата.
-Поради сите актуелни заткулисни игри, исполнување на желби на сите клубови, константно понижување на судиската фела, а посебно на нас како долгогодишна судиска двојка која зад себе има незанемарлив број на меѓународни натпревари и европски првенства, а да не збориме колку дерби натпревари што ги решавале првенствата и куповите на Македонија, не можејќи веќе да трпиме неправди и понижување во нешто што пола живот имаме вложено со срце и љубов, решивме неотповикливо да се повлечеме и да ставиме крај на нашите кариери, несакајќи да допринесуваме и учествуваме во нешто што веќе не личи на спорт и далеку е од фер плеј, велат тие.