МВР информира дека уапсила двјца малолетници од Тетово, кои пукале пред неколку дена.
-На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во селото Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од село Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111″ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово. Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.