Привршуваат градежните активности на резервоарите на штипскиот рид Мерите во вредност од 20 милиони денари, финансирани од парите од самопридонесот.

- Овој резервоар е во состав на проектот линија два, план на водоводна линија која е веќе изградена и ставена во функција до населбата Пребег. Она што е како втора етапа од линија два е практично изградбата на овој резервоар и поврзување со викенд населбата Плуждино. Дополнително можност за водоснабдување и развој на делот кон бања Кежовица и кон нешто што како град и како потенцијал го имаме, а тоа е развој на бањско рекреативен центар – Кежовица. Паралелно на овој резервоар се работи и на изградба на резервоарот „Пребег“. Вкупниот капацитет за двата е повеќе од 2 илјади метри кубни вода. Колку за пример, до сега вкупниот капацитет на резервоари, којшто го има Општина Штип е исто толкав, колку што се градат новите капацитети. Тоа значи дека градот перспективно со изградбата на овие резервоари ќе може да се шири и да се водоснабдува. Да се градат нови населби и нови зони. Покрај ова, интезивно се гради и обиколницата која што ги поврзува населбите Железничка и Пребег, кон викенд населбата Плуждино, вели штипскиот градоначалник Иван Јорданов.