Македонско-бугарските односи не се толку сложени, а проблемите меѓу Скопје и Софија не се толку комплицирани, смета италијанскиот амбасадор во земјава, Паоло Палминтери.
Тој денеска во Штип изјави дека во период на целосен застој на пристапниот процес кон ЕУ, за Италија важно е Македонија да не застане со реформите.
- Верувам дека европската интегреација на земјата понатаму ќе биде во најдобар ред, планот за развој е веќе одобрен, односно кога ќе созреат во иднина, ќе матурираат сите тие односи во врска со пристапувањето на Македонија кон ЕУ, државата веќе ќе биде подготвена целосно да се вклопи во тој европскоинтегративен процес. Италија, се разбира дека се надева Република Северна Македонија да биде целосно интегрирана во рамките на ЕУ во најбрз можен рок, подвлекува Палминтери.