Скопјанката Маја Лазаревска преку статус објави дека нејзиниот малолетен син и нивното куче биле нападнати од друго куче, кое сопственикот го шетал без повод и маска:
- Куче налик Пит бул или стафорд бело кафено во Козле кое газдите го шетаат без каиш вечерва околу 20 часот го нападна нашето бебе куче Лагото, Бамби и син ми. Ги нападнал додека поминувале на патчето кај каналот во Козле. Додека нашето бебе кутре беше на каивче газдата му рекол на син ми , земи го во раце не сака други кучиња. Син ми ја земал Бамби во раце и кучето ги нападнало додека ја држел во раце, и ја тегнел 5 минути, се борел со син ми. Бамби е тешко повредена со скршена кичма и скинати нерви и рани и др. Диме направи се , ама повредите се пресериозни и нема да преживее. Не му се израдувавме на кутрето кое го земавме од кога почина нашето 10 годишно куче пред 1 месец. Радост и живот ни беше, и неодговорни идиоти ни ја одземаа, го истрауматизираа син ми за цел живот и сега сакаат да ја скријат вистината и да се сокријат. Во борбата син ми го фрлил телефонот и со крвавото наше кутре трчајки дојде дома ми ја даде во раце за да пробаме да ја спасиме, јас го земав кутрето и возев како луда да стигнам и најдам некој што може да ја спаси , и зазвонев на телефонот на син ми. Се испостави дека девојката сопственичка на кучето кое го нападнало син ми го има телефонот на син ми и проба да плете приказна дека питот им избегал од дома што не е вистина бидејки кучето во моментот на нападот бил со газдата без да е врзано! Јас морав да се посветам на Бамби, целата во крв и крици , а син ми со татко му отишле да го земат телефонот и газдите одбиле да дадат и име и презиме и број на телефон. Бидејки после првичниот шок син ми сфатил дека и тој е гризан под блузонот и се упатиле кон болница , не земале податоци од тие кои шетаат агресивно куче без каиш кој ни го уби бебето- кутре во 8 вечер на место каде има констатна фрекфенција од луѓе кутриња и деца. Пријавено е во полиција, но помогнете ми да ги најдеме луѓето. За ова мора да одговараат, затоа што од неоговорност ни го убија кутрето, го истрауматизираа син ми за навек и сега се обидуваат да излажат и да се скријат. Она што знаеме дека биле и они на прегледи во Неуромедика. ВЕ МОЛАМ да ми помогнете да ги лоцираме веројатно се од реон Козле и Жданец. Кучето е кремасто бело големо , газдата е дечко крупен со виткана коса , одбиваат да преземат одговорност, се кријат, пријавено е во полиција, инполицијата ќе ги бара, ама нема да помине макар и од куќа на куќа тропала за да ги најдам. Ни го убија кучето …. не изгореа пак… а требаше да биде една обична прошетка во еден вторник, вели Лазаревска.

Новинарот Александар Методијев, кој работи од Германија, вели дека Македонија треба да има построга регулатива на расите на кучиња, по примерот на Германија:
- Во Македонија мора да се направи листа на забранети раси. Во Германија има таква и на сајтот на германската царина може да се прочита дека питбул териер и американски стафордшир териер, на пример, како и вкрстувања со забранети раси, не е дозволено да се внесуваат во земјата. Во Македонија вакви кучиња завршуваат и како улични кучиња. Случкава што ја прочитав ме потсети на еден напад пред повеќе од 10 години, што ми се случи во Ново Лисиче додека шетав пудлица од неколку месеци. Човекот што го шеташе кучето не се обиде да го спречи и мојата брза реакција спречи пудлицата да биде гризната. Откако виде дека неговото куче скока, ме гребе и пробува со забите да ја дофати пудлицата, дојде, го врза со ланец за врзување точаци или мотори и си отиде без збор. Луѓе со прениска свест, а преширока уста кога треба да се зборува за нефункционалната држава, има премногу. Државни институции мора да стават ред, а полицијата да казнува како вакви неодговорни сопственици на кучиња, така и таканаречени активист(к)и, кои хранат агресивни улични кучиња, како едно црно во Ново Лисиче, хрането и од адвокатка! Се надевам дека детето и фамилијата ќе успеат да излезат од траумата, дека неодговорните сопственици ќе одговараат, а дека државата ќе почне да става ред, вели Методијев.
(М.К.)