По четври пат во Струмица ќе се одржи Струмица интернационал класик фестивал, кој ќе се одржи од 2-10 јуни.
Денес на средбата со новинарите бе изнесени детали од тоа што ќе се случува нфестивалот.
-Просто не ми е веројатно дека четврти пат се одржува, бидејќи во државава недостасуваат манифестации од култура, поточно од класиката. Оваа година имаме гости од дома и странство, од Бугарија, Германија и Чешка. Сакаме да направиме добар гест за Струмица. Фестивалот е се уште млад, сакаме да едуцирме млади и од нижо и средно училиште во Струмица. Кога бев мал си реков дека еден ден ќе направм нешто за Струмица, еве се случува, вели Влатко Митов од Здружението интернационален фестивал во Струмица, кој е организтор.
За програмата и за тоа кој оваа година ќе учествува на фестивалот збруваше селекторот на програмата, Васил Атанасов.
-Ова е фестивал на камерна музика, редок ако не и единсствен во Струмица. Во еспанзија е камерната музика и се радувам ако годинава успеавме да донесеме гости од други држави. Од Чешка ќе дојде одлична примадона. Годинава ќе има пет концерти. Отварањето ќе биде со Катерина и Глигор Гелебешеви, истакнати наши уметници и професори. На 5-ти јуни ќе има квартет од Бугарија, флејта, виола, виолончело и контрабас, под водство на професорката Петја Багоска. Потоа е камерното дуо од Чешка, со певицата од Прашката опера, Павлина Сениќ. На осми јуни во црквата „ Св. 15 тивериполски маченици“, ќе настапи хорот„Злата Мегленска“. За крај ќе настапи саксофон квартет од Македонија, под раководство на професорот Горан Кавраков, кои ќе настапат со музаика од Бах до филмска музика и обработки. Со тоа ќе ја заокружиме фестивалската публика. Имаме одична публика, квалитетни се и од музичката школа во Струмица, вели селекторот Васил Атанасов.
Од дуото Гелебешеви, поточно Глигор изрази задоволство што ќе настапи ннафестивалот.
-Годинава настапивме во Гевгелија,во Франција,па во Струмица, со која не врзуваат спомени, сме настапувале многу пати. Ќе настапиме со три увертири, од Багнер, од Росини, со оригинални пиеси од Рахмањинов, вели Гелебешев.
На пресот се обрати и маестро Летка Димовска Пулизова, која ќе настапи со хорот „Злата Мегленска“.
-На хоровите има многу малку место на фестивлите. Некако хорската музика згасна. Затоа ми е драго на поканата. Особено ми најдоа соодветно место каде можам да ја презентирам македонската православна духовна хорска музика. Но, неизоставна е и музиката од светски рамки, кои ја гаат православната музика, рече ДимовскаПулизова.
Фестивалоте поддржан од Општина Струмица, а за прв пат оваа година фестивлот е поддржан од Минситерство за култра.