Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе станат пред авионот целосно да застане по слетувањето, би можеле да бидат казнети со околу 60 евра според новата регулатива на Турската управа за цивилно воздухопловство (SHGM).
Ова беше правило во сите авиокомпании претходно, но во пракса се покажа дека често не се почитува.
SHGM открил дека голем број патници ги откопчуваат безбедносните појаси, стануваат и ги отвораат куферите пред авионот да застане. Беше наведено дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста на летот и удобноста на другите патници.
„Новата регулатива, исто така, им наметнува одговорност на авиокомпаниите дека треба да ги предупредат патниците дека е задолжително да ги врзуваат безбедносните појаси сè додека е вклучено светлото за сигнализација – по слетувањето на авионот и додека авионот не стигне до позицијата за паркирање, и дека патниците кои нема да го почитуваат ова правило ќе бидат пријавени и казнети“, според турски Хуриет.
Патниците кои нема да го чекаат својот ред за да се симнат од авионот може да се соочат и со казни, бидејќи новата регулатива им забранува на патниците да брзаат во ходникот и да се движат напред, дури и ако знакот за сигурносен појас е исклучен.
Исто така, против правилата е да станувате пред патниците во првите редови да го напуштат авионот.
Авиокомпаниите кои не ги почитуваат новите правила можат да бидат повикани на административна одговорност.
Беше објавено дека „Туркиш ерлајнс“ испратил и официјално известување до кабинскиот персонал за новата одлука што ќе важи за сите „домашни и меѓународни летови“.
Иако износот на казната не е директно наведен во одлуката, предвидено е дека патниците кои ги прекршуваат прописите ќе бидат казнети со приближно 2.100 турски лири (околу 60 евра), ренесува рдиосарево.ба.