МВР информира за двајца несовесни возачи.
-На 14.05.2025 во 19.30 и на 15.05.2025 во 03.00 часот, полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово ги лишиле од слобода Д.А.(64) од с.Зубовце, гостиварско и А.М.(36) од Тетово. При вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на 14.05.2025 околу 19.30 часот на регионален пат Гостивар – с.Градец и по преземени мерки било констатирано дека Д.А. го управувал возилото „опел” под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта, а притоа го нарушувал и јавниот ред и мир со агресивно однесување, информираат од МВР и додаваат:
-Додека, при сообраќајна контрола на улица ,,Борис Кидрич” во Тетово на 15.05.2025 во 03.00 часот, било сопрено патничко возило „мерцедес” со хрватски национални ознаки, кое го управувал А.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.52 промили алкохол во крвта. Двајцата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”., стои во соопштението.