Естонскиот претставник Томи Кеш, чие уметничко име е Томас Тамеметс, сè уште не запеа во живо, а околу неговата песна се крена политичко-културна бура. Италијанскиот сенатор Џан Марко Чентинаио, потпретседател на италијанскиот Сенат, јавно побара забрана за учество на Естонија на Евровизија поради, како што тврди, навредливи стереотипи за Италијанците во песната.
„Секој што ќе ја навреди Италија мора да биде исфрлен од Евровизија“, напиша тој во објава на социјалните мрежи, подигнувајќи ја веќе вжештената атмосфера на натпреварот, кој одамна веќе не е само песна, туку сцена каде што се распаѓаат политиката, идентитетот и уметничката слобода.
Критиките што го следат не се нови, пред Евровизија, Томи Кеш беше оспоруван поради неговите настапи во Русија и соработката со руски уметници, што многумина го сметаат за контроверзно во сегашниот геополитички контекст. Сепак, тој инсистира дека уметноста е негова територија и дека границите се само симболични.
Натпреварувачката песна беше обвинета за употреба на „италијански клишеа“, што предизвика официјална реакција од Рим. Дали станува збор само за уметнички слободи или за свесна провокација, зависи од гледачите да проценат.