Во Битола синоќа во 18.55 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.У.(18) од Битола.
МВР денеска соопшти дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Битола, била пронајдена марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана.
По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.