Западот мора да ги зголеми санкциите против Русија, како и воената поддршка за Украина, откако Русија вчера не се согласи на моментален прекин на огнот, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
-Потребни се натамошни чекори во однос на санкциите, како и дополнителна поддршка за Украина, бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин, како што се очекуваше, се однесува како и обично во таква ситуација, изјави Писториус пред новинарите во Берлин, пренесоа британските медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.
Украинскиот лидер се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин.