Дете(12) која била во „пунтото“ што било украден синоќа околу полноќ на бензинската пумпа во Обреновац, Србија, успеала да се спаси скокајќи од возилото, а за среќа не претрпела никакви повреди.
Надзорните камери во објектот го снимиле крадецот, а полицијата моментално го бара.
Што се случило?
Девојка (26) дошла до пумпата со нејзината внука за да наполни гориво. Кога отишла да плати, ги оставила детето и клучевите во возилото, што крадецот го искористил и влетал во автомобилот, го запалил и притиснал на гас, не грижејќи се што девојчето е во него.
Кога влегол во автомобилот, детето И. Ѓ. почнало да вреска, а крадецот ѝ рекол: „Замолчи, замолчи.“
Детето успеало да скокне од автомобилот и покрај тоа што се движел со голема брзина, а потоа крадецот избегал во непознат правец.
-Сè се случи за една минута. Детето ја чекаше својата тетка во колата. За една минута, човекот скокна во колата, притиснал на гаста и почнал да бега. За среќа, девојчето успеало да ја отвори вратата и да искочи, но доживеало голем шок. Телефонот беше оставен во автомобилот. Имаше многу луѓе на пумпата… – вели роднина.
Полицијата, како и обвинителството, беа информирани за случајот. Камери има на пумпата, но и покрај патот каде што крадецот избегал, па затоа наскоро се очекува негово апсење.
Извор: Kurir.rs, Informer, Telegraf