Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализира еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
Десетици нуркачи од земјата и регионот в сабота на повеќе локации кај Градското пристаниште, кај Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај Калишта ќе го чистат езерското дно, од пластика, метал и секаков вид цврст отпад депониран во езерото.
Целта на акцијата што се организира четврта година по ред пред главнта туриситчка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“.