По завршувањето на мандатот на Јован Илиевски, судија претставник од Македонија во Судот за човекови права во Стразбур, за негов наследник се пријавиле 21 кандидат. На распишаниот конкурс од страна на Министерството за надворешни работи се пријавиле судии, адвокати, обвинители.
Меѓу попознатите имиња се и на обвинителката Ленче Ристоска и судијката Оља Ристова, кои заедно со останатите кандидати аплицирале за деветгодишен судиски мандат во Стразбур.
Откако Меѓуресорската комисија, која е формирана со владина одлука, че ги разгледа апликациите, предлага тројца избрани кандидати, чии имиња ги доставува до Советодавниот панел на експерти за избор на судии во Советот на Европа. Ова тело ја донесува конечната одлука. Селекцијата и проверката на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе започне во понеделник.
Новиот македонски судија во Стразбур се очекува да го почне својот мандат со почетокот на 2026 година.
Изборот на судија на Македонија во Судот за човекови права во 2017 година предизвика контраверзи, бидејќи тогаш избраниот судија Јован Илиевски е баџанак на тогаш еден од најмоќните луѓе во државата – Сашо Мијалков.