Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, помина неколку минути разговарајќи сам со себе по поразот вчеравечер со 2:3 од Кавасаки во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони.
Португалецот беше огорчен, ги рашири рацете и направи разни гестови.
They knocked Ronaldo out of the AFC Champions League and my G started speaking to ghosts! 😂💔 pic.twitter.com/UM9dYluZEG
— BeksFCB (@Joshua__Ubeku) April 30, 2025
Роналдо не постигна гол во полуфиналето. За време на неговите 2,5 години со саудискиот тим, тој не освои ниту еден трофеј, освен пријателскиот Куп на арапските шампиони.
Кавасаки ќе игра против Ал Ахли во финалето на Лигата на шампионите во Азија.