МВР информира за сообраќајка во која загинал маж.
-На 28.04.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Цветан Димов” во Скопје, патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(75) од Скопје, удрило во товарно возило „фиат дукато” со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Х.И.(60) од Куманово, кое по инерција од ударот удрило во товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки, паркирано од Л.Ш.(42) од Скопје, а потоа и во Х.И., кој стоел до возилото кое претходно го паркирал. На местото на настанот починал М.Д., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција. Со телесни повреди се здобил Х.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.