Денарот и неговиот фиксен курс се идеално решение за економската состојба во државата, смета универзитетскиот професор Стеван Габер:
Очигледно дека фиксниот курс на денарот врзан за еврото ни овозможува многу години да водиме една монетарна стабилна политика и нормално во овој сегмент централната банка одлично си ја врши работата. За разлика од минатото кога имало шокови кои ја тестирале централната банка, овој изминат период можеме да забележиме дека тоа не се случува. Што значи дека имаме смирена ситуација. Можам комотно да потврдам дека денарот е стабилен и со оглед на тоа каква ни е економската состојба во државата, мислам дека е идеално решение во поглед на тоа каква монетарна политика треба да се води, вели проф. др Стеван Габер, раководител на катедрата за финансии при Економскиот факултет на УГД.