МВР информир за несовесен кавадарчанец, кој возел мортус и предизвикал сообраќајка.
-На 24.04.2025 во 21.20 часот на улица „Западен булевар” во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци. Со возилото „мерцедес” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.