Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, од зад решетки заминува во домашен притвор, заедно со уште екс директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, еден инспектор од инспекторатот и еден член на обезбедувањето на дискотеката.
Во притвор останува поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.
Се разгледуваат уште 12 жалби на мерката притвор од осомничени во истрагата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, во која 61 лице загинаа плус возачот на итната медицинска помош, а 197 лица беа повредени.