Нова сервисна улица се асфалтираше денеска во близина на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип. Во рамки на проектот ќе се асфалтираат 3 илјади метри квадратни, а вредноста на зафатот чини 3 милиони денари, обезбедени од буџетот на општина Штип:

- На оваа улица има доста стопански објекти, деловни објекти, коишто имаат потреба од уредување и асфалтирање на оваа улица. Асфалтирањето на улицата е во непосредна близина на средното општинско училиште „Коле Нехтенин“. Така да активностите коишто се превземаат ќе придонесат до подобрување на постоечката инфраструктура, изјави Јорданов.
Освен асфалтирање, планирано е и изградба на тротоарски површини.