Прекината е седницата на Советот на општина Кочани за избор на в.д. градоначалник, по оставката на советничката од ВМРО ДПМНЕ, Кристина Атанасова Арсова, која ја поднесе јавно и од говорница, а чиј син беше меѓу повредените во несреќата во „Пулс“.
Претходно, пред советниците имаше две кандидатури, едната на независниот советник Венко Крстевски, а другата од советничката група на ВМРО ДПМНЕ за кандидатот Гоце Марков.
Седницата би требало да продолжи по констатирањето на оставката од Атанасова – Арсова.