На 10.04.2025 во 18.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(22) од Штип затоа што се заканувал на неговата 30-годишна сестра и покрај тоа што од Основен суд Штип е издадено решение со кое му се забранува да ја вознемирува и малтретира. Имено, додека полициски службеници биле во нејзиниот дом, постапувајќи по претходна пријава за неговата сестра дека ѝ се заканувал, дошол Б.С. и раце и остар предмет удирал по вратата со намера да ја нападне. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.