По скандалозната пресуда на Евљедин Ферати, за смртта на Теодора од Тетово јавноста се згрози. Пајазити доби само две години затвор за усмртување на Теодора.
Ова беше поттик и за трагично загинатата Фросина, Росица Кулакова да регира.
Таа на Фејсбук напиша:
-Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија. Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба да ја судат? Се додека чекаме вакви луѓе да судат правично, правдата ќе остане само збор, а не и дело. Правда за Теодора, напиша таа.