Денес го празнуваме Благовештение или Благовец, празник кој припаѓа на Богородичните празници и секогаш се слави на 7 април според новиот календар, точно девет месеци пред Божиќ, па затоа овој празник е наменет за сите жени кои сакаат да забременат и да станат мајки. Тие одат во манастири и цркви каде се молат на Богородица за нивното потомство. Овој ден се слави како ден кога архангелот Гаврил и објавил на Марија дека ќе зачне син – Исус Христос
Во црквите се служи литургија, а верниците со молитви му благодарат на Бога. Еден од обичаите е на овој ден да не се прави ништо низ куќата што предизвикува физички напор, па затоа се препорачува да се помине во мир и хармонија. Во некои региони е вообичаено да се подготвува празнична храна, а потоа семејството се собира за да го прослави Благовештението.
Кај жените постои многу важен обичај, а тоа е дека на Благовештение не треба да се чешлаат.
На овој ден се верува дека природата се буди и птиците почнуваат да пеат, симболизирајќи ја радоста и доаѓањето на пролетта. Се верува дека Благовештението е одличен ден за започнување важна работа и донесување важни одлуки.