Пејачот Александар Јосифовски по осум години заеднички живот се разведе од сопругата Теодора.
-Точно е дека решивме да се разведеме и дека секој од нас ќе продолжи со својот живот. Тоа се тешки одлуки и не се носат преку ноќ. Уживав во нашиот брак и на Теодора и ја посакувам сета среќа бидејќи тоа го заслужува – изјави за Гранд, Александар.
Иако многумина шпекулираа за причините за крајот на бракот, Јосифовски посочува дека зад разводот не стои ниту неверство, ниту љубомора:
– Се обидовме да исправиме некои работи, едноставно не успеа. Не се работи за љубомора или неверство. Благодарен сум и на Теодора што беше со мене во најтешките моменти од мојот живот, и тоа никогаш нема да го заборавам – додава пејачот.
Пред само една година Александар за Гранд ги откри деталите од нивната романтична приказна и како се запознале:
– Се запознавме во Охрид, во групата имаше неколку девојки, но Теодора се истакна. После неколку дена ми беше роденден, сакав да го одбележам на посебен начин и тогаш и подарив прстен. Таа рече „да“, можеби затоа што беше нервозна, но остана со мене – изјави тогаш Јосифовски.