Транспарентно во рамки на законите да се објави целокупната документаација за работењето на клубот “Пулс” од 2012та до денес, записници од сите надлежни инспекторати и нивното постапување во однос на клубот Пулс, како и од МВР и нивното постапување во однос на овој клуб во изминатите 13 години, но и записници од Советот за безбедност и превенција кој бил формиран во Кочани но според нашите сознанија не функционирал, се дел од барањата на “Кој е следен” за кој денес во јавување за Стадион на Канал 77, зборуваше Борјан Ефтимов, еден од активистите.
Нагласи дека за да не ни се случуваат вакви нешта и во иднина, според Кој е следен неопходно е поажурно работење на инспекторатите и како што вели Ефтимов за да се има контрола врз работењето на инспекторите бараат да се формира е-инспекторат.
- Тоа би било местото каде ќе се објавуваат сите записници и заклучоци од работењето на сите инспекциски служби. На овој начин транспарентно ќе можат самите граѓани да видат каде постапувал а кеде не, инспекцискиот надзор, објаснува Ефтимов.
Меѓу останатите барања Ефтимов го потенцираше и она за унифициран контакт број, на кој граѓаните би можеле самите да пријават неправилности.
Разговорот во целост во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77, на линкот во продолжение: