Полицијата уапсила 60-годишен болничар од Клиничката болница – Штип, кој допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.
-На 24.03.2025 во 17.05 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Ј.(60) од Штип. Тој се сомничи дека на работното место болничар во Клиничка болница Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата, соопшти СВР Штип.
Тој е задржан во полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител. Од СВР соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.