Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски утрово одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани.
-Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика. Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази, информираат од ОЈО.