Медиумите од свои извори дознаваат дека во акцијата во Кочани вечерва се упасени сегшниот и двајц поранешни градоначалници.
Станува збор за Ратко Димитровски градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Николче Илијев од редовите на СДСМ, и доскорешниот Љупчо Папазов.
ОЈО потврди дека во тек е полициска акција во Кочани и дека се приведуваат лица во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“, но не кажа имиња.
-Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, информираат од ОЈО.