Две пријави за веќе познатата измама со предизвикани сообраќајни несреќи регистрираше МВР. Синоќа во 20.25 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари.
-Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена,соопшти МВР.
Во друг одделен случај 82-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 700.000 денари.
-Лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена, стои во информацијата од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.