Тишина и црнило. Солзи и сочувство. Денеска нема „Добар ден“ за поздрав. Наместо тоа, луѓето се поздравуваат со „Бог да ги прости“. Река од луѓе непрекинато тече цело претпладне. Улиците се претесни, а луѓето во тишина ги поминуваат последните метри до вечните почивалишта на своите најмили. Погребите на триесетина млади луѓе се во моментот, додека илјадници луѓе се простуваат од нив. Кочани и Македонија денеска имаат само солзи наместо зборови.



