Петте штипски жртви во кочанската трагедија колективно и на иста парцела утре ќе бидат погребани.
Според локалната телевизија ТВ Стар информира дека простувањето е од 9- 11 часот. Телата на Дамјан Таневски и Филип Ивановски ќе бидат изложени во градскиот соборен храм „Св. Никола“, телата на Филип Стевановски и Александар Коларов во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, додека телото на Александар Ефремов во црквата „Св. Троица“. Сообраќајот од Ново Село до патот за Радовиш ќе биде блокиран за сообрќај, а ќе циркулираат автобуси, информираат од телевизијата.