Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниеден починат од повредените пацинти во несреќата во Кочани, рече на денешната прес конференција министерот, Арбен Таравари.
По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари
– Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно со програмите што биле планирани, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој ја соопшти најновата состојба на пациентите од пожарот во Кочани, на лекување во болниците во државава и во странство, истакнувајќи дека добрата вест е што поминаа 72 часа и нема починати.
Во државава се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во државните болници, а 13 пациенти се во приватните болници и сите, како што рече, се во релативно стабилна состојба. На лекување во странство се 101 пациент и тие се во релативно стабилна состојба. -Веќе нема да има испраќање пациенти во странство, дури очекуваме да почнуваат да се враќаат, рече Таравари.
Во врска со рекциите за преекспонираната посета на пациенти тој рече:
-За мене најбитно ми е пациентите да се живи из драви. Кажав дека не треба да се покажуваат лицата на пациентите. И премиерот и јас имаме обврска да одиме да ги видие тие пациенти што се полесни и не ни треба ништо освен маска. За другите, кои се потешки, и да сакаме не можеме. Секаде кај бевме и тука бев облечен како треба, рече министерот.