Убијци! Правда сакаме! Секој еден може да е следен!
Ова се само дел од извикувањата на протестот денес во Кочани пред општината.
Протестот претходни беше во паркот во Кочани, каде граѓаите палеа свеќи, а подоцна и пред општината.
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Во Кочани во тек е протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи рано утринава во неделата.