Болницата „Пирогов“ во Софија упати апел за дарување крв!
Утрово од Црвен Крст на Бугарија поставен е шатор, кој ќе функционира од 9-14 часот и ќе ги пречекува сите хумни граѓани кои ќе дојдат.
Според д-р Даниел Кировски апелот молсквично се проширил и веќе пред болницата има луѓе кои се подготвени да дадат крв за пациентите од Македонија, кои настрадаа во вчерашниот пожар во Кочани.

-Болницата упати апел за итна крводарителска акција за помош на настраданите во несреќата. Пред болницата веќе има студенти од Македонија, но и жители на Софија, кои чекаат ред за дарување крв за настраданите во пожарот, рече д-р Кировски за ММС и додаде:

-Пациентите се во исклучително тешка состојба. Тројца се интубирани. Останатите се уште се проценуваат и во зависност од нивната состојба ќе се одлучи што ќе се прави. Самите роднини се во шок, не знаат каде им се децата. Директорот на “Пирогов” рече дека ќе се сретне со роднините, ќе им дадеа координација за да им помогне. А секој ден од 9- 14 часот до крајот на неделата ќе има пунктови пред „Пирогов“ и пред НТСТ, рече лекарот.

Апелот на бугарските болници стаса и до Македонија, па д-р Кировски рече дека веќе го контактирале луѓе од Македонија и се подговтвени утре со комбиња да тргнат за Софија.

-Важно е да се каже дека крв може да се дарува секој ден е од 9- 14 часот. Најавено е утре комбе од Македонија. Луѓето се организират. За било каква информација или за сместување нека ме побараат мене на +359877161134, рече д-р Кировски за ММС.