Петмина пацинети од пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани со воен авион испратен од Бугарија, пристигнаа во Софија и аеродромот се транспортирани во болницата Пиргов. Како што јавува БГнес, петмина од пациентите се тешко повредени и се на механичка вентилација. Тројца пацинети со тешки изгореници, ќе бидат префрени во Варна.
Бугарија се обврза на лекување на 14 жртви од пожарот во Кочани. Ова го изјави заменик директорот на „Пирогов“ проф. Николај Габровски, јави репортерот на БГНЕС.
Проф. Габровски рече дека осуммина од повредените ќе бидат сместени во Пирогов. Досега се пристигнати пет лица. „Тројца од нив се на вештачка вентилација на белите дробови. Потребно е да им се помогне на дишењето. Состојбата на пациентите е сериозна, не можеме да кажеме ништо повеќе бидејќи во моментов се примени. Ќе вложиме максимални напори да ги лекуваме“, прецизираше тој на брифингот во Пирогов.
Во болницата се очекува да бидат примени уште три лица, од кои две ќе бидат деца на возраст од 15 и 16 години, како и еден 19-годишно момче. Ќе бидат и интубирани.
Проф. Габровски изрази сочувство до семејствата на загинатите: „Ова е огромна трагедија, со која не можеме а да не сочувствуваме.
Уште тројца пацинети ќе бидат сместени во Пловдивската универзитетска болница „Св. Ѓорѓи“, а двајца ќе се лекуваат во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија.
Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да ги прими жртвите доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште жртви по координација со властите на Република Македонија.
БГнес