Од информациите што пристигнуваат од терен е и таа во која се вели дека една од вратат била заклучена и дека доколку била отворена ќе можело побргу да се спасат.
Директорот на ЦУК, Стојанче Аnгелов, кој беше на местото на настанот за ММС ги демантираше шпекулациите дека токму таа врата била заклучена од MВР, бидејќи имало рација.
-Не е точнод ека МВР ја затворила вратата. Вратата била заклучена од сопственикот којзнае од кога и имало катанец, а од надвор имало стиропор. Таа е секундарна врта и била забарикадирана којзне од кога. Ова е голема трагедија, која не се опишува со зборови, рече кусо Ангелов за ММС.