Имаше гужва, дури и се зачудивме што во диското има толкава гужва. Немав воздух и сите од горе поминуваа врз мене. Најпосле излегов, но се вратив по сестра ми и не ја најдов, изјави преживеана девојка за Сител.
Очевидци, пак за ММС потврдуваат дека поради контрола, односно рација од МВР едната врата била затворена.
-Јас сум малолетник и кога видов дека има контрола побегнав. Поради рацијата едната врата беше зтворена , вели дете од Кочани, кое било во дискотекта, но навреме излегло.
МВР потврди дека имало рација, односно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес конференција кажа дека имало рација и дека во пожарот е загинт полицец од Пробиштип, кој бил на задача за проверка на малолетници и дрога.